БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Времето во востаничко Разловци е застанато во 2016 година кога се направија последните поголеми инвестиции

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Годинава се прославуваат 145 години од кревањето на Разловечкото востание во 1876 година.

На 20 мај по нов стил пред 145 години Димитар Поп Георгиев Беровски заедно со Поп Стојан го кренале првото оружано востание на Македонскиот народ кое претходело на Кресненското (Македонско) востание во 1878 година и Илинденското востание во 1903 година.

Со елементи на идеолошки-социјално востание и верски бунт на христијанското население против злоделата на турските власти во селото, Разловечкото востание добива општонароден облик на организирано востание на поширок геогравски простор во срцето на Отоманската Империја.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Впрочем историски гледано Разловечкото востание е тесно поврзано со формирањето на Пијанечката република и со Кресненското (Македонско) востание во 1878 година и претставува никулец на пожртвуваната борба и светол пример за желбата за слобода на Македонското население до ден денешен.

Делегација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Претседателот Сашко Ивановски придружуван со пратеникот во Македонскиот парламент Миле Лефков во текот на вчерашниот ден во чест на одбележувањето на 145 годишнината од Разловечкото востание реализираа своја посета во село Разловци. Датумот на посетата од страна на раковотството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на Разловци кореспондира со терминот кој што е обележан како ден кога се одржало третото советување на востаничкиот штаб под раководство на Димитар Поп Георгиев Беровски пред првите вооружани акции кои го одбележале почетокот на востанието на 20 ти мај (нов стил).

Во врска со посетата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево

Жителите на село Разловци на сопствен грб ги почувствуваа лагите на Зоран Заев и особено лагите на Горан Трајковски во изминатите 4 години.

Времето во востаничко Разловци е застанато во 2016 година кога се направија последните поголеми инвестиции за жителите на селото.Од тогаш до денес разловчани сведочат само за шарените лаги со кои успеа Зоран Заев да дојде на власт и да ги спроведе своите антинародни политики за национално обезличување на овој горд народ со славни претци.Зоран Заев- никогаш повеќе!

Во предвечерието на 145 годишнината од Разловечкото востание кренато на 20 мај 1876 година (нов стил) Делегација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево предводена од Претседателот Сашко Ивановски го посетивме селото Разловци заедно со Пратеникот во Македонскиот парламент Миле Лефков.

“Македонија е создадена од крвта на сопствениот народ”.

Вечна им слава на хероите и слободољупците!

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace