БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Врие во СДСМ Кочани: Неправда, клетви, лаги и внатрепартиски поделби излегоа во јавност при распределбата на работни места

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од страна на долгогодишна активистка на ОО СДСМ Кочани во јавност се обелоденуваат редица на случувања во оваа општинска организација.

Валерија Манасиева која во објавата на фејсбук за себе вели дека е член на СДСМ од 1996 година и ги има поминато повеќето скалила на партиска хиерархија од претседател на млади до советник во општина Кочани, истакнува дека била ставена во подредена улога за вработување во однос од член кој имал 10 години стаж во партијата.

Таа обвинува дека раководните структури во општинската организација на СДСМ во Кочани го одзеле лебот на 3 малолетни дечиња, која е без можност да се вработи во некоја од приватните фирми, затоа што ќе мора да оди 3-та смена на работа и немало кој да и’ ги чува децата бидејки градинките не работеле 3-та смена.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Притоа соопштува шокантни информации дека Марија Мишева- претседателка на жени на ОО на СДСМ Кочани, Гордана Антова и Сашко Костов-пратеник на СДСМ како раководни функционери на СДСМ се офајдиле со две плати плус од СДСМ. Истовремено го посочува Костов за делење правдина во партијата, за која таа смета дека воопшто не е правдина.

Најголем револт Валерија се чини има кон претседателката на жените на СДСМ во Кочани-Марија Мишева која гласала против нејзиното вработување како жена.

Од познавачи на состојбите во Општинската организација на СДСМ во Кочани дознаваме дека расколот во партијата настанал од поодамна помеѓу активистите на Шарената револуција кои се со помал стаж во партијата кои добиваат приоритет при вработувањата во јавниот сектор наспроти долгогодишните активисти и гласачи на СДСМ кои се во подредена улога за вработување.

Ова не е единствен случај на јавно искажано незадоволство на членови на СДСМ. Претходно известивме за незадоволство од политиките на СДСМ на локално ниво во Кочани од страна на Водач на Шарената револуција кој се спротивставува на штетните постапки на локалните функционери на власта.

Откако беше откриен непотизмот во вработувањата на блиски роднини на високи функционери на власта, сега и за вработувања за пониски позиции огромно е незадоволието кај партиското членство на СДСМ.

Јавната објава на фејсбук на Валерија Манасиева како и коментарите во кои се соопштуваат искуства и детали за партиските “главоболки” на СДСМ во Кочани на засегнатите граѓани може да се погледнат овде.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace