БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Wes Anderson реши да направи вистински Wes Anderson филм а трејлерот изгледа вака

Пренеси го гласот

Со многубројна ѕвездена актерска екипа, режисерот Wes Anderson доаѓа пред својата глобална публика со најновото филмско остварување Asteroid City.

Станува збор за филм кој што филмската естетика и реторика на еден од естетски најпрефинетите светски режисери ги доведува до максимум. На моменти патетичен и ироничен судејки според трејлерот за филмот се чини дека публиката во оваа 2023 година ќе имаат да погледнат пред себе своевидна лектира за актуелното секојдневие кое што на индивидуална основа секој граѓанин на светот денес го живее.

Колоритноста на филмот е во строги дефинирани граници, нешто што е препознатливо за Wes Anderson со сите негови минати филмски изданија, но не само тоа: сценографијата, костимографијата, кинематографијата…. сите овие составни делови од филмската продукција зборуваат за своевиден засебен универзум во кој што опстојуваат сите негови филмови. А тој универзум е нешто сосема оригинално, вредно за сечие внимание не само како забава туку и какко филозофија и форма на живот.

Креирано од:


Пренеси го гласот