Ако јавноста во изминатите 4 години беше навикната на крајна затвореност, ниско ниво на демократија и високо ниво на партиски елитизам на градоначалниците на СДСМ кои што во 2017 година беа избрани на локалните избори, во последните 100 дена ваквата слика почна драстично да се менува.
По изборите одржани во октомври минатата година, јавноста може да види посветени градоначалници кои што секој момент од мандатот доверен од народот го користат за подобрување на животот во нивните општини каде што им е укажана довербата од граѓаните. Наспроти сликата на канцелариски градоначалник опкружен со партиски “YES-серовци” какви што беа мнозинството градоначалници во изминатите 4 години, во последните 100 дена секојдневно јавноста може да ги види своите градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на терен и во постојана комуникација со граѓаните и медиумите и јавноста.
Со тоа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа и докажаа дека со дела и работа може да се промени сликата и реалноста во општините. Неминовно на ваквата посветеност за само 100 дена почнаа да се редат и проектите за граѓаните низ сите општини во државата каде што довербата е дадена на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри. Реализирани се многу капитални проекти за подобар живот на сите граѓаните изразени преку конкретни бројки но и забележително подобрување на квалитетот на живот.
Од партијата соопштија дека од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се започнати или се во фаза на реализација повеќе од 1090 проекти. Од нив над 160 капитални проекти, а започнати се со проектирање, реконструирање или градба и 33 градинки и 68 училишта.
“За само 100 дена, 206 улици и патишта се изградени или реконструирани, а над 110 водоводни и канализациони мрежи. ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги менуваат општините, промени кои ги чувствуваат сите граѓани. 100 дена ниту еден отчет од страна на градоначалниците СДСМ и ДУИ. Додека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат и носат промени, граѓаните се сведоци на неработата на градоначалниците на СДСМ и ДУИ. Ниту еден отчет, ниту проект видлив за граѓаните од над 20-тина градоначалници од власта на СДСМ и ДУИ,”
-соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ за работата посветана на подобар живот на граѓаните.
Очекувањата на граѓаните низ општините ширум Македонија од нивните градоначалници се големи. Само со постојана работа, со многу знаење и со високо ниво на професионализам работите можат да се подигнат на едно повисоко ниво на учинок и реализација. Несомнено одредбите и залагањата на ВМРО-ДПМНЕ за нулта толеранција на корупцијата која што и тоа како беше присутна во мандатите на градоначалниците на СДСМ, е високиот стандард кој што треба да биде постигнат во име на подобрата заедничка иднина за сите граѓани на Македонија. Редно време беше да престане користењето на општинските тендери за финансирање на фирми блиски до власта на штета на квалитетот и цената на чинење за вршењето на поголемиот дел од услугите од економските оператори кон општините. Конкурентноста на пазарот мора да биде гарантирана на фер основи почнувајки од секое населено место во секоја локална заедница, општина па се до фер конкурентност на регионално и национално ниво. Сузбивањето на конкурентноста и квалитетот во име на протекционизмот на поединци и фирми блиски до власта е рак рана која што од корен ја разнебитува нашата државност во последните 30 години. На ваквата состојба се надоврзува корумпираноста на правосудните органи кои што го задаваат смртоносниот удар на секоја една искра надеж дека работите можат да се подобрат во иднина.
Со новите градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ патот кон целта е започнат. На ваквата енергија мора неминовно да се надоврзат високи стандарди на централната власт, како и судско-обвинителскиот систем на функционери во име на народот и за доброто на народот.
Пишува: Кирчо Анастасов
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Медиумски пропагандисти сведени на ниво на сеир и забава на народот не значи реална медиумска кредибилност и општествено оправдана улога и значење
Зошто Македонскиот народ е против внесување на бугари во Македонскиот Устав во вакви историско-актуелни односи?
Трка меѓу пари, слава и моќ или хармонија, посветеност и внимание на семејството?