Анализа на јавниот и државниот долг!
Во периодот од 1ви јануари 2018 година до 31ви декември 2022 година, за пет години владата на СДСМ го зголеми јавниот долг од 4,787 милијарди евра на 7,703 милијарди евра, или за 2,916 милијарди евра, а државниот долг за истиот период е зголемен од 3,958 милијарди евра на 6,581 милијарди евра, или за 2,623 милијарди евра.
Зголемувањето на јавниот и државниот долг во последните пет години е поголемо од зголемувањето на јавниот и државен долг за периодот од претходните четиринаесет години, од 1ви јануари 2003 година до 31ви декември 2016 година.
За пет години успеаа да го зголемат јавниот и државен долг повеќе отколку претходните влади за четиринаесет години.
Криминал и корупција. Тендери во четири очи. Пљачка и лаги. Потребни се избори за Македонија да почне да победува. Потребни се избори за крај на политичките криминалци и измамници.
-фејсбук реакција на Христијан Мицкоски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи