“Ко меур од сапуница им се разбиваат фалбите и лажните заложби на СДС и ДУИ дека биле западно ориентирана власт.
Реторички ДА, но фактички НЕ. СДС кои до вчера се колнеа во Белград и ДУИ кои не членуваат во ниту една европска партија или асоцијација, мислејќи дека на гола реторика “паѓаат” странците, ја засилија поларизирачката кампања на етикетирање и оцрнување на политичкиот противник со лаги за кои и самите се свесни дека се лаги.
Но, според народната, не е важно што зборуваат, туку што прават. А еве што прават однародените:
1. Еден куп министерства минатата година склучија договори со фирма на црната листа на САД,
2. Му (про)дадоа пасош на рускиот шпион Онишчено.
3. Нивниот генерален секретар испумпувал пари од фирма со руски капитал преку адвокатски услуги?
4. Во сред воена криза во Европа, кога Русија е под санкции, криминалците во власта склучуваат договори за гас со руски олигарси и тоа по многу понеповолни цени од берзанските.
Нека ценат и граѓаните и нека ценат и стратешките сојузници кој кого лаже и манипулира.
Нам ни е јасно, сето ова е со едноставна и единствена цел – да се остане на власт и да се полнат џебовите на брз и криминален начин.”
-фејсбук реакција на Драган Ковачки- Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Клучното прашање е зошто не е распишана централна потерница за исчезнатото возило, прашуваат од опозцијата
Палатата “Христо Татарчев” ги отвара портите за сите граѓани
Честитка по повод денешниот празник на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски