На вчерашната седница на Централниот комитет беа избрани новите членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Помеѓу еден од новите членови е и Иван Јорданов, актуелен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ -Штип.
Интересно е да се напомене тоа дека во овој највисок орган на партијата Штип за прв пат добива свој директен претставник.
Јорданов важи за личност која ги има поминато сите партиски скалила па неговите сопартијци неговиот избор го карактеризираат како сосема заслужен. Исто така, познавачите на политичките состојби во градот Штип кажуваат дека Јорданов важи како еден од поголемите кадровски потенцијали кои партијата може да го понуди и очекуваат тој да ја оправда укажаната доверба.
На вчерашната седница беа избрани и нови Потпретседатели, Митко Јанчев, Александар Николовски и Владо Мисајловски.
Останатите членови на ИК се тројца претседатели на општински комитети Кирил Пецаков од Охрид и Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода, Владимир Нелоски, Даниела Рангелова, Игор Николов, Трајко Славевски, Драги Димитриевски, Влатко Ѓорчев, Силвана Ангелеска, Тони Михајловски, Димитар Димовски, Дафина Стојаноска, Златко Перински, Коце Трајановски, Дејан Јовановски, Дејанчо Ефтимов, Цветан Трипуновски, Игор Божиновски, Костадин Богданов, Ане Лашкоска и Бајрам Требишки.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!
АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“