БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Задолжителна е зимска опрема кон г.п. Делчево. Ова се патиштата каде моментално постои забрана за тешки товарни возила

Пренеси го гласот

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по  влажни коловози. Сите патни правци во државата се проодни. Врнежи од снег имаме на целата територија од државата. Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на Стража, Маврово,Ѓавато, г.п.Ќафасан, г.п. Јажинце, Плетвар и Струмица-Берово. На патниот правец Тетово – П.Шапка има забрана за сообраќај за автобуси додека за другите возила е задолжителна зимска опрема (синџири). Задолжителна зимска опрема и према г.п.Делчево.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен со 172 специјални возила за одржување на патишта и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502

bregalnickimarketing

Извор: Македонија пат

Креирано од:


Пренеси го гласот