Кандидатот за градоначалник на Штип од ВМРО-ДПМНЕ Илчо Захариев на прес-конференција денеска истакна дека во изминатите четири години реализирани се 450 проекти, а еден од подобрите е реконструкција на Градската бања „Кежовица.
Тој најави дека во неговата изборна програма предвидено е за пензионерите, лицата со посебни потреби и социјално ранливите семејства еден ден во неделата бесплатно да ги користат услугите на бањата „Кежовица“.
Истакна дека општината ќе им обезбеди и бесплатен превоз од нивните домови до бањата и на тој начин Кежовица ќе ја направат подостапна за околу 9.000 пензионери на кои, како што рече, навистина им се потребни нејзините лековити води.
Извор:Курир

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип