БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Започна првиот уличен фестивал “Со Марко на улица“ во Прилеп

Пренеси го гласот

Доцна синоќа пред НУЦК “Марко Цепенков“ започна тридневниот уличен фестивал „Со Марко на улица“, каде целта е културното и народното наследство, во овој случај на ликот на големиот собирач на народни умотворби и приказни Марко Цепенков.

“Го отвораме фестивалот „Со Марко на улица“. Ова е нов фестивал во Прилеп, но единствен со таква тематика во државата. Темата е реактуализација на културното и народното наследство преку современи уметнички, технички, иновативни технологии, како сликарски, така и информатички. Ги користиме сите модерни технологии за да успееме да го реактуелизираме, во случајов Марко Цепенков и да го претставиме како урбан херој на нашето секојдневие во 21-от век“

– изјави Ѕвонко Димески организатор на фестивалот.

“За овој уличен фестивал составивме претстава која, на некој начин, го претставува светлото што сите го имаме во нас и како тоа треба да се споделува наоколу, а не да се притиска во себе или да се краде од другите. Претставата е танц со оган и светлината се пренесува едни на други. Групата е составена пред седум месеци, а оваа точка е нашиот прв огнен театар. Досега сме настапувале на различни уметнички фестивали надвор од земјата, но ова ни е прв настап со огнен театар“

-вели Филип Мирчески од прилепската седумчлена група „Агни“.

До сабота, до кога ќе траат фестивалските денови, ќе има многу тематски содржини. Ќе има зумба часови, програми за деца, театарски работилници, работилница која ќе ја поврзи уметноста со технологијата, дневни кино претстави, студија за цртање мурали, концерти и студио за „боди пејнтинг“ коешто ќе се отвори во сабота во 20 часот.

Креирано од:


Пренеси го гласот