БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Режисерот Јани Бојаџи одговара како е кога се оди кај Претседателот Иванов

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Ете, за сите вас кои од синоќа ме прашувате како е кога се оди кај Претседателот? Во принцип одењето кај Претседателот е како кога не си бил дома кај твоите прилично долго време. Те пречекуваат со топлина и благост, па те седнуваат до ,,даскалот,, и почнува ,,распитот,,. Како е, што е, за ова, за она, па за тоа и за оноа и тој те слуша со совршено внимание ама ти мора да се пазиш не само на кажаното туку и на тоа како го кажуваш, раце, нозе, тело па и како дишеш! И после пет минути веќе си спокоен затоа што си сосема, ама сосема на чисто дека за се има чаре и се ќе се реши, само ти ела си дома жив и здрав! Обидот на Иван да се приклучи на твоја страна е добродојден ама на крајот и ти и тој сте сосема задоволни од фактот дека сте биле во право и двајцата само што сега ви е јасно дефинирано.

Даскалот е за тоа тука, нели? И се разбира, ништо според него не се случува денес, ако веќе не се случило вчера што е гаранција дека ќе се случи и утре а сега ете нели ние знаеме што се случио и што се случува, па утре да не одиме пак кај ,,даскалот,, со истите прашања: оти ова, оти она?!

Сега веќе треба да знаеме како тие работи самите да ги решаваме! И после доаѓа Маја и веќе се е полесно! Речиси решено. Таа не те советува и не кажува што мисли туку што сторила таа кога била во ситуација како твојата, а ништо ново не ми се случило мене што не му се случило на некого сличен на мене, нели?! И да, се разбира, се што правиме ако од дома е подржано, разбрано и поделено со љубов, што е тоа што не може да се реши?!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На крајот заминувате, и ве испраќаат онака како што ве примиле, до порта, со убаво со арно и пак да дојдеш. И за убаво и за арно. Оти дома се оди и кога е убаво и арно ама и кога и не е баш! Бескрајно му благодарам на Претседателот и на семејството Иванови.

Беше како дома!

Статус на фејсбук на цензурираниот режисер Јани Бојаџи

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace