Започна имплементацијата на претходно најавената акција со симболично име “Помош за Делчево” во услови на прогласена Вонредна состојба на територијата на цела држава и во Делчево.
На самиот почеток на акцијата беа донирани 250 заштитни маски за повеќекратна употреба и 1200 заштитни ракавици за Матичните лекари во Делчево, кои заедно со останатите лекари во општината се на првата борбена линија со потенцијалната зараза со Ковит-19.
Акцијата се спроведува од страна на здружението Меѓународен центар на Македонската дијаспора “Нова зора” од Делчево со поддршка на Македонската дијаспора во Европа а планирано е истата да се прошири и во други градови во државата под мотото “Помош за Македонија”.
Од здружението информираат дека во рамки на оваа вонредна акција во наредниот период ќе се донираат и хуманитарни пакети со прехрамбени артикли и сретства за дезинфекција за сиромашни и повеќедетни семејства како во општината Делчево така и во други градови.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДЕЛЧЕВО ДОБИВА СОВРЕМЕНА СПОРТСКА САЛА!
Делчево: кадар, мамограф и нови возила за Брза помош
65 годишен жител на Македонска Каменица лишен од слобода затоа што се заканувал на својата 57 годишна сопруга