БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: Земјоделците се чесен и работлив народ кој сигурно нема да ги злоупотреби мерките кои се донесени

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Уништувачката моќ на актуелната криза со корона вирусот се чини најжестоко ќе ја почувствуваат земјоделците во Македонија.

Оставени на работ на егзистенција и на праг на рентабилност дури и во нормални услови пред појавата на пандемијата со корона вирусот и прогласувањето на Вонредната состојба, Македонските земјоделци кои немаат други извори за егзистенција се препуштени сами на себе.

Толку многу најавуваните мерки на владата и ресорното министерство засега се само убави зборови во прес конференциите на телевизија, додека на терен земјоделието практично и да не постои.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace


Поголемите производствени и преработуваччки капацитети се ограничени во својата работа од страна на рестриктивноста на мерките на владата, а додека помалите земјоделски капацитети и индивидуеланите земјоделци се наоѓаат во состојба на општ хаос и неизвесност во однос на својата работа. Дополнително пласманот на земјоделските производи е неизвесен а земјоделците се соочени со состојба во која нема откуп или има по драстично намалени цено, наспроти се порелевантните податоци дека регионот на Балканот ќе се судри со недостиг на храна во претстојниот период, што е само одлика за неспособноста за менаџирање на состојбите на базарот од страна на надлежните органи во државата.

За ваквите состојби во интервју за Канал 5 телевизија говореше Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Во продолжени го пренесуваме овој дел од неговото интервју:

“Македонија во голем дел живее од земјоделието и тука мора апсолутно да има флексибилност.

Јас сум сигурен дека ниеден земјоделец кој што живее од својата мака нема да ги злоупотреби мерките, секако дека тоа не би го направиле, единствено што би го направиле е да можат да ги обработат нивите од кои што живеат тие, живее и Македонија. Тоа е добро и за стопанството затоа што и тоа е прилив во економијата. Она што сакам да апелирам е да им се помогне на земјоделците да ги продаваат своите производи. Ги спомнавте тутунопроизводителите. Еден штетен закон кој што го донесе мнозинството на СДСМ пред распуштање на Македонското собрание, беше дозволата во Македонија да се увезува тутун. Тој закон треба да се укуне, затоа што Македонија има доволно сопствено производство на висококвалитетен тутун и не смее во Македонија да се увезува тутун додека не се продаде тутунок кој што го произведуваат Македонските тутуноприозводители.

Во однос на останатите гранки од земјоделието, особено голем проблем има во Струмица и струмичко со пласманот на зелките од кои што живеат десетици илјади семејства. Итно е потребно државата да направи интеревентен откуп на зелката со цел овие граѓани да можат да го преживеат овој период кој што е пред нас.

Во продолжение го пренесуваме делот од разговорот на Александар Николоски како и неговата реакција упатена преку социјалните мрежи во врска со тоа на кој начин актуелната криза се одразува врз грбот на земјоделците:

“Земјоделците се чесен и работлив народ кој сигурно нема да ги злоупотреби мерките кои се донесени. Тие само мора да ги изработат нивните ниви, да ја фатат сезоната како и секоја друга година и да имаат што да понудат на пазарот, за да можат да преживеат и тие, а и македонската економија која секако е помогната од земјоделците. На земјоделците треба да им се помогне да ги продадат производите. МНР и владата наместо да водат само високи политики, во овие моменти треба да се потрудат да најдат пласман на македонските производи во странство со што ќе се потпомогне македонската економија, односно земјоделците во Република Македонија.”

Креирано од:


Пренеси го гласот