БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Државата не само што не помага на граѓаните туку задира подлабоко во нивните џебови во време на оваа криза

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во светски рамки владите на демократските држави насекаде во светот се натпреваруваат која може повеќе да помогне на своите граѓани за полесно да ја надминат актуелната состојба со Корона вирусот, само во Македонија државата во спрега со олигарсите се натпреваруваат кој може по подлабоко да брцне во џебот на Македонските граѓани.

Во услови кога целото стопанство е клекнато на колена, кога фирмите бележат загуби, државата тактизира со своите т.н. мерки кои никако да стигнат до стопанството и граѓаните. Доделената т.н. помош во рамки на привиот “Ковит-19” повик е толку минимална што и оние малкумина стопански субјекти кои ја добија негодуваат околу оправданоста на истата.

Голем број од угостителските и хотелско-сместувачки капацитети како и транспортни компании кои беа целна група на првиот повик на Развојната банка на Република Македонија, понудените бескаматни кредити ги сметаат за пролонгирање на агонијата на нивните фирми и доведување на бизнисите во должничко ропство кон банките, по истекот на 6 месечниот грејс период затоа што од сега не се наѕира реална опција за покренување на нивните бизниси на здрави нозе.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Голем број од овие правни субјекти наместо да го доведат својот бизнис во такво должничко ропство попрво се подготвени истиот моментално да го затворат (со што голем број вработени ќе го изгубат тој статус и ќе се најдат на листите во Бирото за вработување) а во некои подобри времиња повторно да го стартуваат.

Дополнителни мерки за стопанството и граѓаните се уште нема, освен во пропагандните прес конференции на Оливер Спасовски, Нина Групер и неколкумина други функционери од пониските ешалони на власта.

А стопанството тоне се подлабоко и подлабоко.

Во врска со ваквите и други појави од опозициската ВМРО-ДПМНЕ изнесоа повеќе факти во јавност кај кои се гледа лошата владина политика кон актуелните проблеми.

  1. Македонската економија на дното во Европа според помошта која ја добива од владата, соседните земји одвојуваат и до 50 пати повеќе за своите домашни фирми и граѓани.
  2. Власта со зголемување на акцизата им помага на олигарсите во одржување на нивните хациенди на Халкидики, а ги осиромашува граѓаните.
  3. Заради суетата на Спасовски во Куманово расте бројот на заболени, народот се чувсвтвува како да е оставен сам на себе.
  4. Градоначалници на СДСМ глумат дека се над законот и ветуваат ослободување на лица од станици.
  5. Шилегов ја урнисува старата скопска чаршија и молчи за дивоградбите кои и го нагрдуваат ликот.
  6. Заев го вештачки го обезвреднува СРЦ Кале, за да може неговиот советник без да го купи земјиштето да стекне право на сопственост на 80% од објектите кои ќе ги изгради на ексклузивна локација сред Скопје.

Креирано од:


Пренеси го гласот