БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: ЗА ДОБРИТЕ НАМЕРИ И ЗА НЕКОИ ДРУГИ ДОБРИ РАБОТИ.

Пренеси го гласот

Си легнувате, колку-толку, како норамален човек во, колку-толку, норамална состојба. По неколку дена се будите и сфаќате дека се наоѓате во присилен домашен притвор, налик на војнички устроен логор. Не знаете дали сето тоа ви се привидува или е стварност. Меѓутоа, тука се дежурните. Ве убедуваат, дека тоа е за ваше добро; дека тоа околу вас ни приближно не е налик на војнички логор, туку на доброволна изолација и самоизолација и дека сето тоа е направено за ваше добро, кое вие, заради вашата вродена глупост, не можете да го сфатите. „Според тоа, кој ви е виновен што сте глупави и примитивни?“ – додаваат умно-умните умници и добротвори.

Креирано од:


Пренеси го гласот