БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Започна украсувањето на Македонска Каменица

Пренеси го гласот

За претстојните новогодишни и Божиќни празници, во градовите низ Брегалничкиот регион се уште не може да се почувствува новогодишната еуфорија.

Градоначалниците  на некои општини кои располагаат со скромни буџети за новогодишно прославување се снаоѓаат како знаат и умеат да им приредат на нивните сограѓани барем малку новогодишно расположение.

На општинската веб страна на општина Македонска Каменица беше објавена информација за почеток на украсувањето на улиците на ова мало рударско градче од истокот на државата.

Притоа можеа да се забележат службено објавени фотографии од општината од комбинирана градежна машина (ровокопач и багер) со која како што е најавено во текстот, службени лица на Јавното претпријатие “Камена река” вршат украсување на градот.

Колку е тоа соодветно, безбедно и законски оставаме на надлежните институции и читателите да проценат.

Извор: Општина Македонска Каменица

Креирано од:


Пренеси го гласот