Пред три години, Попај бил скитник што живеел на улиците. Тој бил комплетно валкан, неговото крзно било премачкано со некоја гадлива течност и бил премногу запуштен. Животот на Попај бил прилично лош – сѐ додека не ја запознал својата нова мајка и татко.
Ајви Диеп и нејзиниот сопруг го нашле Попај кога имал околу една година. Тие не биле во можност да ги најдат неговите претходни сопственици, но и знаеле дека не можат да го напуштат ова валкано кученце кое било изгладнето на улиците, па затоа го прифатиле Попај во нивното семејство.
Родителите на Попај отсекогаш биле претставници на огромни прехранбени продукти – па дури и имале свој семеен ресторан – така што кога Попај се приклучил на семејството, тој почнал да ги придружува во многубројните екскурзии на рестораните.
“Многу јадевме и се фотографиравме со нашата храна”, изјавила Диеп.
“Кога Попај му се придружи на семејството, тој секогаш сакаше да ги обележи заедно со нас сите моменти, и сфативме дека тој навистина се однесува добро кон храната и почнавме да го вклучуваме во се”.
Попај сега има профил на Instagram со повеќе од 100.000 следбеници, целосно посветени на слики од неговите различни излети во рестораните насекаде низ Лос Анџелес.
“Постојат многу домашни ресторани во Л.А.”, рече Диеп. “Бидејќи времето е доста пријатно, многу ресторани имаат надворешен дел за седење, кое најчесто им дозволува и удобност на кучињата и вашите миленици”.
Во неговите три години со своето ново семејство, Попај беше во секој вид ресторан што може да се замисли. Тој е главен шеф во ресторанот кога станува збор за дегустација. Погледнете ги фотографиите за да ги видите некои од неговите омилени јадења!







СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Медицинското значење на страдањето на Исус Христос
Шарпланинците го имаат тој балкански карактер на блискост, емотивен темперамент и лојалност кон сопствениците
Си замина некогашниот Бетмен, Џим Морисон, Том Казански, Док Холидеј, Медмардиган…