На социјалните мрежи се појави видео на кое вечерно време се гледа како човек качен на цистерна на ТППЕ Делчев расфрла вода по градските улици во централното градско подрачје.
Од видеото се гледа како човекот качен на камионот во движење без никакви заштитни мерки се обидува ја испрска разделната лента на еден од градските булевари засадена со зеленило.
Дополнително во прилог на видеото од страна на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево до јавноста и до градоначалникот на Општина Делчево се упатени повеќе прашања од интерес на граѓаните чии што јавни пари се трошат на ваков примитивен начин.
“Дали е ова новото противпожарно возило што ти Горане Трајковски го вети на припадниците на ТППЕ Делчево и на сите граѓани во твојата предизборна програма од 2017 година?
Прашуваме, зошто ова возило на видеото личи на оние возила што ги има ТППЕ Делчево од пред повеќе од 40 години .Што бара во доцните вечерни часови возило на ТППЕ Делчево да расфрла вода по градските улици во центарот на Делчево?
Ова ли е причината зошто повисоките делови на Делчево немаат вода за пиење, за некој да ја расфрла по улиците?Од кога ТППЕ стана комунална служба за прскање на вода по градското зеленило, та вака како фантоми доцна во ноќта да расфрлаат вода на примитивен начин по улиците во центарот на Делчево?
Ова ли е тоа Европско Делчево кое го ветувавте кога го менувавте името на Република Македонија?
Зошто не функционираат системите за наводнување на градското зеленило што некој пред вас ги направи и ви ги остави на располагање?
Дали некој плаќа и колку пари за овој ангажман на противпожарното возило, на кој начин и врз основа на кој договор?Дали возилото е приватна сопственост на Градоначалникот Горан Трајковски и дали тој е наредбодавец кој ги организира овие ноќни водени сеанси?
Колку пари за одржување на градското зеленило Општина Делчево плаќа на Комуналното претпријатие на годишно ниво?Дали неплаќањето на обврските од страна на Општина Делчево кон ЈКП “Брегалница” се причина за доведувањето пред банкрот на ова јавно претпријатие?
МНОГУ ПРАШАЊА ГОРАНЕ ТРАЈКОВСКИ- ОХРАБРИ СЕ ОДГОВОРИ НЕКОЕ ОД НИВ па макар и скриен во твојата канцеларија!На делчевчани им е доста од вашите импровизации со услугите за кои тие плаќаат големи пари за да вие уживате во вашите дебели фотелји!
Делчево е општина на сите граѓани а не партиска испостава на СДС!”
-стои во реакцијата упатена до јавноста од страна на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи