Од 10-ти до 12-ти август се одржа фестивал на рибата и виното на плоштадот „Под јаворите“ во Дојран. Посетителите можеа да уживаат во најпознатите дојрански специјалитети од риба и во понудата на најпознатите македонски винарии. Манифестацијата беше зачинета и со богата музичка програма.
Влатко Стефановски , Влатко Лозаноски, Љубојна, дуото „Шајн, „Џубокс бенд“ и Тајзи ја забавуваа многубројната публика. Пред завршувањето на фестивалот беа прогласени и добитниците од натпреварот во спортски риболов.
За најмалите се одржуваа и театарски претстави и детска зумба со забава на плажа и стенд ап комедија. Оваа манифестација се одржува секое лето во Дојран, почнувајки од 1976-тата година.
Секоја година е се побројна и со посетители од соседните земји.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина