Почитувани медиуми, почитувана јавност , мои сограгани од општина Чешиново Облешево.
Поминаа 30 тина дена од почетокот на кампањата. Секое населено место живее во ритамот на изборите.Подадовме рака на секој наш сограганин, бевме во секое село и разговаравме за секој проблем – понудивме решенија. Во исто време, додека трае изборната кампања, во соработка со Владата на РМ, веке отпочнавме со реализација на дел од тековните проекти кои се составен дел од програмата на мојот 4 годишен мандат како иден градоначалник.
Во с. Теранци и Кучичино, во завршна фаза се изградба на 3 улици, таму ке продолжиме со реконструкција и изградба на останатите улици.
Санација на оштетениот мост кај с.Теранци е еден од приоритетите на новата локална власт.
Во Облешево започна поставување на сообракаен режим и сигнализација на главната улица Маршал Тито.За неколку дена започнува изградба на ул. Јокаим Крчовски покрај пазарот во Облешево, а во првата година од мандатот ке ги асфалтираме останатите помали улички во цело населено место. Уредување на паркот во Облешево е проект кој ги помина сите фази и ке биде завршен на почетокот на мојот мандат.
Соколарци и Спанчево се селата кои во наредниот период ке доживеат градежна експанзија. Спанчево ке добие Тротоари низ целиот влез во селото и реконструкција на улицата покрај училиштето. Одводниот канал што поминува низ овие населени места во соработка со АД Водостопанство, целосно ке се исчисти во вкупна должина од 12км. Тоа е проект обезбеден од Владата на РМ и ке се заврши до крајот на оваа година. Соколарци конечно ке добие канализација ,завршена е тендерската постапка по изборите започнуваме со изградба, а неколку улици ке бидат асфалтирани , ке пристапиме со проект за отварање на клучка со експресниот пат .
Во Чифлик исто така по изборите започнуваме со реконструкција на главната улица по должина на целото село, и ветувам дека прочистителната станица конечно ке биде реалност со што ке го решиме најголемиот проблем на ова населено место.
Останатите помали населени места Уларци,Жиганци,Бање,Бурилчево,Новоселани за многу кратко време по добивањето на мандатот ке ја почуствуваат новата енергија и ке бидат вклучени со активности во решение на нивните барања.
Изборна програма на идните советници и на мене како градоначалник предложени од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата се состои во конкретни решенија на проблемите за сите категории на грагани во нашата општина. ЈКП кое мора да се стави во функција на комуналните потреби на секое населено место, очекуваме набавка на ново возило за смет, и зголемување на бројот на комунални работници , и конечно решение за проблемите со гробиштата во секое населено место. Одржување на постоечките водоводи , бушотини и системи за водоснабдување во секое село.
Во делот на Социјалната политика и млади разработуваме стратегија за задржување на младата популација и грижа за пензионерите.
Спортистите и Спортските клубови како и сите спортски манифестации и организации , новата општинска администрација ке ги помага и организациски и финансиски.
Целата изборна програма е достапна за пошироката јавност. Реална, Издржана и подржана од Владата на РМ. Со прецизни рокови и планиран буџет.
Почитувани мои сограгани, ви се обракам сега на последниот ден од кампањата за локалните избори , и не се сомневам дека многу добро го препознавте квалитетот .и човекот кој може и знае да ја води општината Чешиново Облешево во наредните 4 години. Вашата силна подршка ке биде мој имератив- целосно да се посветам на дадената шанса.
Нема да биде лесно ,но ке биде реално и вистински. Не ветуваме чуда но ке се бориме и нема да се откажуваме до крај.
Ве повикувам да излезете на овие избори најмасовно, излезете со надеж и оптимизам бидете иднината на промените и направете го вистинскиот избор и заокружете го бројот 9 и за советничка листа и за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, да ни е Благословена општината и граганите, да ни ежива Македонија.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кој во МВР, ЈО и судот му монтираше случај на Д-р Николчо Стојменовски ден пред изборите во 2021 г. за да го срушат неговиот углед и по чија нарачка?
Нов скандал нa повидок во безбедносните структури: Дали началник на АНБ во Делчево бил познат лихвар?
Креирање ефективни земјоделски политики со проектот AgriExcel од програмата Interreg Europe