Денес добивме одговор од Еуромакс во форма на контраблокада од 50 диви копачи и нивните фамилии кои излегоа да не блокираат на излезот од Иловица до браната.
Полицијата се распореди меѓу нас и ја контролираше ситуацијата.
Во меѓувреме дојдоа градоначалниците на Ново Село и Босилово и кога ја видоа ситуацијата на терен каква е преземаа улога на медијатори. Струмичкиот градоначалник не дојде.
Сега сме на чекор до граѓански судари, масовен бунт и се она за што зборувавме изминатиот период но ретко кој од повиканите институции помислуваше дека е вистина.
Денес реалноста чука на вратите како потврда дека сме ја зборувале вистината. И да потсетиме дека од она што го планира Еуромакс на крај ќе резултира со масовен еколошки геноцид и смрт. Затоа нема да попуштиме ниту педа пред агентите на смртоносните профитери но ќе ги поразиме и протераме на еден или друг начин.
Денес приквечер ќе излеземе со детали и насоки, но едно е сигурно. Масовна мобилизација на секаков човечки и материјален потенцијал е неопходен и клучен.
Бидете спремни за масовни активности.
РУДНИК НАД ИЛОВИЦА И ШТУКА НЕМА ДА ИМА
-Соопштение на граѓанската еколошка иницијатива за запирање на работата на “рудниците на смртта” во јужниот дел од Република Македонија.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!