Во рамки на Светската недела на здравјето Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ при Општинскиот Комитет од Кочани денеска спроведе акција за бесплатни основни здравствени прегледи и медицински совети за жителите на село Прибачево, кочанско.
На заинтересираните граѓани од кои поголем број беа повозрасни жители на селото им беше мерен крвен притисок и гликемија придружено со совети од стручни лица за практикување на здрави животни навики и здрав живот.Повеќе десетици граѓани од селото го посетија мобилниот пункт со медицинските лица при што ја истакнаа потребата од пофункционален здравствен систем и достапност за граѓаните на руралните населени места до квалитетни здравствени услуги.

Целта на оваа убава акција е да се подигне свеста кај граѓаните за водење здрав стил на живот и грижа за своето здравје.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип