Нова мерка за социјалните категории најави кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Зоран Минов. Мерката ќе опфати отпис на долгови за ранливата категорија семејства. -Оваа мерка ќе значи отпишување на данок на имот, данок на недвижнини и помали давачки кои социјалните категории граѓани ги имаат кон општина Карбинци, рече на прес конференција Зоран Минов. -Заедно со составот на новиот совет ќе предложам да се отпишаат и долговите за вода, се разбира во соработка со јавното претпријатие. Ќе биде формирана комисија која ќе одлучи кои семејства ќе бидат опфатени со оваа мерка , рече канидатот за градоначалник на Карбинци, Зоран Минов.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево