БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Зоран Заев избега од дебата со Александар Николоски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Предизборните директни соочувања на телевизиски дуели е можеби најдобриот начин за граѓаните да ја увидат разликата во во политичката понуда меѓу лицата што дебатираат. Дополнително ваквиот начин на претставување на политичките кандидати за јавни функции го развива нивото на демократија на подолг рок во државата.

Оттука секое бегство на политичкиот противник од јавна дебата е израз на недостигот на демократски капацитет кај политичарите кои повеќе им одговара елитистички пристап каде тој како кандидат седи на бина и еднонасочно шири пропаганда во јавноста без можност да добие повратен одговор или теза за кажаното од негова страна.

Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија во 4-та Изборна единица Александар Николоски синоќа требаше да дебатира со неговиот политички конкурент од оваа изборна единица Зоран Заев.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Но Заев не се појави на дебатата.

“Заев повторно избега од дуел.
Денес во емисијата „Што не е јасно?“ на Алфа ТВ во 21:10 часот требаше да имаме предизборен дуел со Зоран Заев, како носители на листи во ИЕ4, но очигледно веќе му станува навика да не се појавува на ТВ дуел со мене.

Можеби е уплашен од она што имам да го кажам, а можеби и конечно сфати дека нема што да понуди на македонскиот народ.”

-соопшти Николоски.

https://www.facebook.com/129897493841649/posts/1604693386362045/

Креирано од:


Пренеси го гласот