Во изминатиот период бројни функционери од опозициската ВМРО-ДПМНЕ јавно го искажаа својот став по однос на референфумот дека нема да излезат и да гласаат за вакво капитулантско дело. Денес и претседателот на Општинскиот Конитет Штип, Иван Јорданов излезе со изјава дека нема да излезе и да гласа во недела на 30 септември. Во своето обраќање тој истакнува:
Во недела на 30 септември јас ќе го слушам моето срце и разум.Во Недела мојот разум ќе ме наврати на тоа дека овде низ овие сокаци минувале и делувале Александров, Делчев, Груев, Петров, Апостолски како и многу други знајни и незнајни Македонци.Денес благодарение на нив чекориме по нивните оставени патеки.Еден ден сите ние ќе бидеме минато и се што сакаме е тоа минато да биде засновано на Македонската вистина. Во недела 30 – ти септември овде во Црквата Успение на Пресвета Богородица во Ново Село, од срце ќе се помолам Господ да ја сочува Македонија.Затоа слушајќи го моето срце и разум како и мојата совест, јас нема да излезам на овој манипулативен референдум.
Никогаш Северна, секогаш Македонија !!!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи