БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

20 години од смртта на John Lee Hooker- еден од највлијателните блуз гитаристи и пеач

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На 21 јуни се навршија 20 години од смртта на еден од највлијателните блуз гитаристи и пеач Џон Ли Хукер.

Роден во Кларксдејл, Мисисипи на 22 јули во 1917 година во лулката на светскиот автентичен блуз звук John Lee Hooker е синоним за електричен блуз со чие име се поистоветуваат златните години на блуз музиката. Љубовта кон музиката ја добил од неговиот очув од кого научил да свири гитара. Во тие години кај младиот Џон Ли се појавила и љубовта кон госпел музиката. Во 1943 година се преселил во Детроит Мичиген каде што ја започнал својата легендарна музичка кариера на блуз музичар. Со првите негови музички изданија Хукер се дефинирал себеси како музичар со исклучителна агресивна енергија, на брзите буги делници но и кај оние спори блуз песни кои ги создавал. Примитивен гитарист кој што свирел едноставни хармонии, пентатонски скали и едноделни хармониски структури. Во почетокот на 50-тите години од минатиот век започнал со поголеми турнеи ширум САД а во 1980 година се појавил и во светскиот филмски хит “Браќата блуз” (The blues brothers) , и во “Бојата на пурпурот” (The Color Purple) во 1985 на филмските екрани.

Помеѓу големиот број на снимени албуми (над 100 изданија) Џон Ли Хукер го има снимено албумот “The Healer” во 1989 година со Бони Рајт и Карлос Сантана како и Греми наградуваниот албум “Don’t look back” во 1997 година.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Џон Ли Хукер умира на 21 јуни во 2001 година како музички пример и идол на голем број познати и признати светски музичари и уметници.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace