Пред три години на овој ден (22 јуни) почина славниот тапанар на светски познатиот метал бенд Пантера, Винсент Пол Абот (Vincent Paul Abbott) или добро познат како Вини Пол (Vinnie Paul) на своја 54 годишна возраст.
Вини Пол е брат на гитаристот на Пантера Дајмбег Дерел кој трагично го загуби животот на сцена откако беше застрелан од младиот Нејтан Гејл во ноќен клуб во Охајо Тексас на 8-ми декември 2004 година за време на концерт на нивниот тогашен бенд Демиџ план.
Вини Пол е роден на 11-ти март 1965 во Абилејн Тексас. Со својот брат Дајмzбег го формирале бендот Пантера во 1981 година, по што станаа препознатливи по својот уникатен звук на моќен хеви метал кој се разликувал од се друго дотогаш познато во светската музичка индустрија.
Ритмиката на Вини Пол претставува силна подлога за моќниот звук кој го продуцираа неговиот брат Дајмбег, басистот Рекс Браун и лириката и вокалите на Фил Анселмо.
Покрај тапанар на бендот Пантера, Вини Пол е познат по својата текстописечка и продуцентска улога како и тапанар во споменатиот бенд Демиџ План и бендот Хелјеа.
На официјалната фејсбук страница на Пантера беше одадена почит и сеќавање во врска со смртта на тапанарот на бендот:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
КИЦ СКОПЈЕ РАСПИША KОНКУРС ЗА ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ