БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

21 Мај 2021 да се прогласи за ден на Кијану Ривс

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Два од најголемите филмови кои се респоредени за свои премиери во кината на 21 Мај 2021 година ќе го имаат за главна улога омилениот актер на интернет заедницата- Кијану Ривс.

Овој датум е определен за премиера на филмот John Wick 4 уште од порано од оваа година но продукциската куќа Warner Bros изјави дека четвртото продолжение на култниот Матрикс исто така ќе ја доживее својата премиера точно на овој датум.

Фановите ширум светот се возбудени да ги погледнат филмовите за време на истата недела на премиери, па некои од нив дури предлагаат овој ден да биде наречен “Ден на Кијану Ривс”.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во интервју кон крајот на претходниот месец Кијану Ривс соопшти дека веќе го има прочитано сценариото за 4-та инсталација на Матрикс и кажа дека филмот е особено амбициозен, но не откри никакви други детали околу продукцијата на истиот.

Иако фановите се возбудени дека ќе го видат својот омилен актер во два различни филмови во расчекор од мал временски период, студијата кои инвестираат во овие филмови можеби и нема да бидат толку среќни затоа што ќе треба да се борат за продаден билет повеќе од кино проекциите на истите, но сигурно Кијану Ривс ќе биде насмеан додека оди кон најблиската банка за да подигне пари од својата сметка.

Оваа година Кијану Ривс имаше своја улога во видео играта Сајберпанк 2077 каде главниот лик го носи неговото лице а тој исто така ги позајми гласовните реплики за ликот.

Малкумина знаат дека Кијану Ривс е херој и во секојдневниот живот, кој потајно е дел од разно-разни донаторски акции, а има основано и своја фондација за справување со ракот која ги финансира детските болници.

Креирано од:


Пренеси го гласот