БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерството за одбрана пополека застанува на нозе во остварување на вистинските функции за одбрана на државата и интересите на народот во контекст на глобалните предизвици

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска – Ристова на панел-дискусијата истакна дека нашата земја е безбедна и стабилна, факт кој е потврден и од Советот за безбедност. Чуповска – Ристова додаде дека земјата активно придонесува и кон регионалната и кон колективната безбедност на Алијансата.

„Придонесот на Македонија во регионалната безбедност е соодветно валоризиран и потврден од сите НАТО сојузници“, рече Чуповска – Ристова и додаде дека “активно придонесуваме и во гарантирање на колективната безбедност, а тоа го докажуваме и со нашето учество во мултинационалните сили кои што се распоредени во Летонија, Бугарија и Романија“.

Во однос на состојбите и актуелните предизвици во одбраната, Чуповска-Ристова порача дека била затекната предизвикувачка финансиска состојба, но дека со соодветна анализа на состојбите и алокација на средствата со ребалансот на Буџетот обезбедени се финансиски средства за исплата на сите заостанати и тековни обврски кон припадниците на Армијата и вработените во одбраната за 2024г. и за 2025 г.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Според анализите на Минитсерот Мисајловски по доаѓањето во Министерството за одбрана била затекната крајно очајна финансиска ситуација со проблеми околу исплатата на платите и придонесите согласно Колективниот договор за лицата во армијата предизвикани од лошото работење на претходното раковотство во министерството.

Чуповска-Ристова се осврна и на модернизацијата на Армијата која тече согласно плановите, соработката со партнерите и сојузниците и буџетирањето на одбраната при што порача дека „еден од клучните приоритети на кои што работи Владата е обезбедување стабилно финансирање во одбраната”.

 Државниот секретар додаде дека и следната година одбранбениот буџет ќе изнесува над 2 проценти од бруто-домашниот производ.

Креирано од:


Пренеси го гласот