“Замислете кога вакво раскопано е маало на градоначалникот на СДСМ Горан Трајковски, тогаш каков е остатокот градот
“
-стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево упатена во јавноста со цел за подигање на свесноста на наделжните локални институции за подобрување на состојбата за живеење во населбата Маџир Маало во Трети Реон во Делчево.
Нашиот народ вели кога сопствениот двор не може човек да си го среди како да очекуваат другите населби да бидат средени?
Состојбата на уличната инфраструктура во Делчево на определени делови од градот е во алармантно лоша ситуација, за што е потребен сериозен ангаман на надлежните органи за нивно одржување, рехабилитација или целосна реконструкција. Секако за ваквата опсежна активност која е потребно да се превземе за да се надмини актуелната состојба се потребни поголеми финансиски сретства кои што треба да се соодветно буџетираат во општинскиот Буџет со намалување на непродуктивните трошоци на минимум и соодветна временска приоретизација на лимитираните пари во и онака блокираната сметка на општина Делчево.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево