Диого Алвес бил 31 годишен млад шпанец кој што бил погубен во 1841 година.
Роден во 1810 година во семејство на фармери, како дете страдал од потрес на главата поради пад. Имал 19 години кога заминал за Лисабон, Португалија на печалба. Често менувал работа а бил познат по пиењето алкохол и коцкањето.
Неколку години по пристигање во Лисабон решил да се претвори во сериски убиец. Успеал да убие над 70 луѓе во период од 1836-1840 година.
Неговиот убиствен ритуал се состоел од тоа што пронаоѓал несреќни луѓе на улиците на Лисабон. Во придружба ги носел до некои високи градби од каде со заврзани учи ги туркал во провалија. Познат е еден од аквадуктите во близина на градот каде што локалните жители почнале да се сомневаат на убиства поради големиот број на мртви тела кои биле пронаоѓани под аквадуктот.

Намерата на Алвес Диого била неговите убиства да личат на несреќни случаи но после озвесно време на ваква ритуална пракса неговото монструозно злодело било откриено. Диого Алвез бил уапсен, суден и егзекутиран за над 70 монструозни убиства кои што биле препишани на негова сметка. Неговата егзекуција се случила на 19 Февруари, 1841 година.
Но тоа не било крај на Диого Алвез!
Поради научни цели за проучување на психологијата на сериски убиец, главата на овој човечки монструм била оделена од неговото тело со цел за проучување на неговиот мозок и можност за разбирање на психологијата на еден сериски убиец преку изучување на физичките карактеристики на неговиот мозок. Неговата глава била зачувана во тегла во соодветен парафински раствор.

До ден денес и по 180 години може да се воочат неговиот младешки изглед, неговата средно-долга црвена коса, бледо бела кожа и неговите ледено сини очи чиј што поглед останал скаменет за вечност


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
OI-Панк-Рок бендот “Последен удар” со нов сингл го најавија снимањето на новиот албум
Експеримент на Универзитетот во Рочестер покажал дека е возможно постигање на поголема брзина од брзината на светлината
Секое дете на возраст од 6 до 16 години во Данска задолжително посетува часови по емпатија и дружење со куче