БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Нов закон за оружје најавува ВМРО-ДПМНЕ по превземање на власта

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува веднаш после формирањето на новата влада да пристапи кон донесување на нов закон за оружје, имплементација на ЕУ директивата 2021/555, категоризација на оружјето согласно ЕУ директивата, скенирање на состојбите, реорганизација и дигитализација на Секторот за оружје во МВР, утврдување на транспарента постапка за новите дозволи кои ќе се издаваат во рок од три месеци.

Ова го договоривме на денешната средба која заедно со пратеникот и колега од ВМРО ДПМНЕ, Драган Ковачки ја остваривме со Ловечката федерација на Македонија. На неа констатиравме дека корупцијата е сериозен проблем во процесот на добивање оружје и во моментов во Министерството за внатрешни работи, стојат околу 17.000 неразгледани предмети за оружје. Заеднички беа детектирани проблематичните области и конструктивно беа усогласени практични решенија кои ќе поддржат одговорно и одржливо ловство, ќе понудат функционални решенија во врска со правата на ловците и вредностите и традицијата на ловечката заедница и истовремено ќе придонесат за заштита на природните ресурси.

Дополнително се договоривме дека ќе работиме на тоа лицата што служеле воен рок и овластените лица кои по службена должност ракувале со оружје да немаат обврска да поминат обука за правилна потреба и ракување со оружје, оружјето да се одзема само во случај на постоење на кривични дела со елементи на насилство, а испитот освен електронски да се полага и писмено, како и да се изработи нова шема за вертикална сигнализација за дивеч на патиштата во Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-соопштение за јавноста пренесено преку фејсбук на Наќе Чулев

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace