Денеска дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од претседателот Христијан Мицкоски оствари работна средба со директорот на Националниот Демократски Институт нНДИ Македонија, Роберт Скот Јајзлет.
Во рамки на сребата било разговарани за имплементација на програмата наречена “Победи со интегритет” ккоја ќе се реализира во претстојниот период.
“Чест ми е што сум дел од тимот на партијата кој оствари средба со директорот на НДИ за Македонија Роберт Скот Хајзлет, и воедно денес ВМРО-ДПМНЕ и НДИ потпишаа Меморандум за соработка со што уште еднаш ја потврдивме меѓусебната соработка.
На средбата беше разговарано за програмата на НДИ „Победи со интегритет“ која во идниот период заеднички ќе ја реализираме. Воедно, упативме благодарност за одличната соработка која ВМРО-ДПМНЕ ја има со Националниот Демократски Институт, како и за доприносот кој Институтот го дава за унапредување на демократијата во Македонија.”
-соопшти Христијан Мицкоски за јавноста.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист