Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов денеска присуствуваше на манифестацијата по повод големиот православен христијански празник Св. Никола.
Заедно со свештеници и великодостоинственици на МПЦ-ОА заедно со голем број верници во соборниот храм кој го носи името на Св. Никола а потоа и на плоштадот “Слобода” со највисоки почести беше празнуван денешниот празни кој што во Брегалничкиот регион се одбележува како еден од најголемите празници во православниот календар.
“Штип денеска го слави својот патронен празник и заштитник Свети Никола.
Во соборниот храм „Свети Никола“ се одржа Света архиерејска литургија, со која чиноначалствуваа неговото блаженство,Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г Стефан, Митрополитот на Брегалничката епархија г.Иларион ,Епископите Јаков и Марко. Традиционално и оваа година се оддржа литија до Градскиот плоштад „Слобода“, каде се кршеше славскиот колач.
Нека е за многу години заштитникот на градот и празникот Свети Никола, нека овој празник донесе мир, љубов, спокој во сите домови како и напредок во нашиот град.”
-соопшти за јавноста градоначалникот на Штип Иван Јорданов.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември