Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Принципиелни до крај! Ќе учествуваме во техничката влада,да се бориме против поткупот, а Џафери нема да го гласаме

Пренеси го гласот

Во своето гостување во емисијата 360 Степени која се емитуваше на МТВ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски зборуваше на повеќе актуелни теми меѓу кои и неговиот став за учество во техничката влада во претстојниот период за сто дена пред избори.

Во моментов, јас можам да го кажам мојот и очекувам деновите кои што се пред нас, партиските органи да го донесат и партискиот став. Мојот став е дека, во едни вакви услови кога тоа е регулирано со закон, ВМРО-ДПМНЕ треба да учествува во таа техничка влада, треба да номинира свои претставници.

„Во услови кога понудивме да нема техничка влада, во услови кога понудивме да одиме на овие избори со политички избрана влада, па дури и доколку тие имаат некаков си политички договор, повторно можеше они да си го испочитуваат тој договор, а да нема техничка влада. И тоа не значи дека условите се повеќе демократски, туку едноставно цениме дека еден имплант на нашето законодавство, кое што де факто, а и ако ги прашате уставните експерти ќе ви кажат и де јуре, е спротивен на уставот, треба да го избришеме. И ако бараме подобар начин да имаме подобар и поточен изборен процес, тогаш можеме да најдеме и да бидеме покреативни, а да биде во согласност со Устав и они тоа го одбија. Не знам за што го одбија, но го одбија. Тоа се, претпоставувам, нивни политички калкулации“, вели Мицкоски.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот