“Паниката и стравот кај функционерите на СДСМ во Делчево е огромен!
Нема ден во Делчево да не дојде министер од владата на Ковачевски во обид да ги убедува делчевчани дека треба да гласаат за СДСМ на наредните избори.
Понекогаш како денеска, уплашените министри на СДСМ доаѓаат во група како би се храбреле самите себеси пред огорченоста и револтот на делчевчани.
Поразителните политики на СДСМ во Делчево го земаа најголемиот данок во луѓе-иселени од нашиот град. Токму таа вистина ги плаши однародените функционери на СДСМ во Делчево кои кога доаѓаат во нашиот град задолжително се опкружуваат со партиски послушници а радовно го избегнуваат народот.
Обидите за медиумска пропаганда во Делчево се повеќе од бледи и прочитани, а вистинското мислење за политиките на СДСМ граѓаните на Делчево ќе го покажат на наредните парламентарни избори.”
-интегрален текст на соопштение упатено во јавноста од страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево Иван Гоцевски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година