БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Метал бендот MACHINE HEAD се распадна

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во директно обраќање преку фејсбук страницата на метал Бендот MACHINE HEAD, неговиот фронтмен и водечки вокал и гитарист Роб Флин го објави распадот на бендот.

Во средата вечер Фил Демал (Phil Demmel) го напушти Машин Хед. Во четвртокот попладне Дејв Меклејн (Dave McClain) го напушти Машин Хед.  И Џеред на некој начин го напушти Машин Хед, но не знаеше дали сигурно напушта.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во видеото Роб Флин ја искажува својата вина за ваквиот расплет на еден од светсаки најпознатите и највлијателни метал бендови кој се појави на почетокот од деведесетите години од минатиот век и речиси цели триесет години беше во врвот на светската метал музика.

Нивната песна “Давидијан” е една од антологиските вечни метал песни која беше (за некои се уште е) метал химна на сите времиња.

Бендот во своето 29 годишно опстојување сними девет студиски албуми, два албуми во живо, еден видео албум, 13 синглови и 15 видео спотови. Четири од нивните албуми во Обединетото Кралство имаат сребрен статус. До денеска бендот има продадено над 3 милиони копии од нивните албуми низ целиот свет.

И покрај распадот на бендот членовите се согласени да ја одржат својата последна закажана турнеја која ќе им биде на нелој начин проштална а за која Роб Флин вели дека ќе биде слава за нивната музика.

Бендот има свој славен настап и во Македонија на 4-ти декември 2004 година во СРЦ Кале.

Погледнете го видеото со фронтменот Роб Флин во продолжение во кое тој го објавува распадот на бендот:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace