На 15 октомври, од 12: 30 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде отворена изложбата со наслов „Изгубениот свет на сефардските Евреи од западниот Балкан“. Изложбата ќе го претстави животот и судбината на Евреите на Балканот.
Изложбата е заеднички проект на Центропа и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и таа го отсликува 20-тиот век прикажан преку пет интервјуа на Центропа направени со Евреи од западниот Балкан, кои го преживеале холокаустот. Изложбата е на македонски јазик, но ќе има дел и на англиски и албански јазик.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист