Нечовечки услови за живеење, борба за живот и опстаник со пет деца. Оваа е сликата на осумчленото семејство Кипријановски од Куманово која денеска ја затекнав на теренска посета. Ова е сликата на голем дел од семејствата во Македонија по седумте години расипничко владеење на СДСМ и ДУИ.
Со оваа реалност се борат секојдневни 600тини илјади други граѓани кои едвај поврзуваат крај со крај, и тие преживуваат некако на дното на општеството. Од државата добивале минимална помош од 8600 денари месечно, детски и образовен додаток, кои ако се поделат на сите 8 члена, излегува дека тие имаат по 50тина денари дневно, недоволно ниту за еден оброк. А каде се другите оброци, каде се другите трошоци?
![]()
Денес ги посетив. Обезбедивме поддршка, за да се поткренат барем малку. Се надевам дека ќе им ја вратиме довербата кон институциите и ќе почувствуваат дека промените доаѓаат. За нив ќе има подобар живот!
![]()
Најавувам дека еден од приоритетите на новата Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ ќе биде реформа на системот на социјална заштита кој повеќе нема да може да затајува и да креира лоши човечки судбини.
Ќе нудиме решенија за граѓаните, ќе ги интегрираме во општеството оние кои имаат потреба од поголемо внимание и поддршка од државата и тие ќе станат продуктивни, ќе се чувствуваат корисни и ќе учествуваат во нејзиното функционирање и развој. Целта на политиката на ВМРО ДПМНЕ е да се избориме против сиромаштијата и социјалната исклученост на нашите граѓани, преку отворање на нови работни места како единствен услов за излез од оваа социјална криза.
*фотографиите објавени од децата се со одобрение на родителите
-соопштение упатено до јавноста од страна на Министерот за труд и социјални работи Ѓоко Велковски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани