Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Денешната прва владина седница афери ја започна на Албански јазик

Пренеси го гласот

Техничкиот премиер Талат Џафери првата седница на новата техничка влада ја започна со воведно обраќање на Албански јазик по што истото обраќање го прочита и на Македонски јазик

„Отворањето на седницата на почетокот ќе го водам на двата јазика, нема потреба од слушалки, зашто ќе го кажам истото. Ви посакувам добре дојде во владата на Северна Македонија на првата конститутивна седница на преодната влада на С Македонија. Пред да преминеме на усвојување на дневниот ред, на сите членови на Владата, во мое лично име би сакал да ви честитам на изборот и да ви посакам успешна работа и соработка. Пред нас е една клучна задача – подготовка на фер и слободни избори во демократска атмосфера. Во тоа имаме обврска да соработуваме и со Собранието и со ДИК, и со мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, со ЕУ и САД за да обезбедиме највисоки европски стандарди во изборната кампања и самите избори за граѓаните слободно да ја изразат својата волја“,

-рече Џафери во неговото прво обраќање од владината сала.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот