Дополнителниот заменик министер за администрација и информатичко општество Стефан Андоновски денеска во Македонското собрание оствари работна средба заедно со пратеници со претставници од синдикалните организации во државата.
“Реформата на јавната администрација во Македонија е критериум за пристапување кон Европската Унија и не смее да биде личен хир на ниту една Влада и на ниту еден Министер.
Законите не смее да се носат по скратена постапка со европско знаменце, без дебата, без вклученост на јавноста.
Законот и според СИГМА извештаите има недостаток во клучни работи, како што е Системот за наградување на перформанси (Performance appraisal system), кој наместо да го развијат го симплифицираат и субјективизираат.
По изборите реформската Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сериозна трансформација во јавниот сектор која ќе резултира со среќни и успешни вработени, ефикасна јавна администрација и квалитетни услуги за граѓаните.
Средба со претставници на синдикатите во Собранието на Република Македонија”
-соопшти преку социјалните мрежи Стефан Андоновски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пилот проект за лекување од далечина започна да се спроведува во Делчево и Дебар
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“