БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Библиотеката Гоце Делчев Велес доби финансиска поддршка за поставување фотоволтаици

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Успешната и динамична работа на јавните библиотеки ширум дравата е од суштинско значење за развојот на образованието, културата, уметноста но и воопшто целокупниот општествен живот во дравата.

Од тие причини инвестициите за развој на библиотекарството во секој поглед се добредојдени, но најмногу се од корист кога се инвестираат за заштеда и домаќинско работење.

Напорите на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во актуелниот парламентарен состав одат во таа насока за обезбедување на приоритетни проекти за развој на институциите на државата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Благодарение на визијата за развој, лобирањето во министерството за култура, но пред се чесните намери и добрата комуникација, денес и официјално библиотеката Гоце Делчев доби дел од средствата од програмата на министерството за култура наменети за поддршка на капитални проекти за објектите од областа на културата.

Нови фотоволтаични панели ќе бидат инсталирани на кровната површина на библиотеката, проект вреден 2.500.000ден, со што ќе се намалат трошоците на институцијата, ќе се обезбеди зелена енергија но и овие средства кои би се заштедиле ќе можат да се пренасочат во други инвестиции.

Важно е да се продолжи и понатаму со искрени и чесни намери, затоа што само така ќе имаме поубав град и ќе обезбедиме подобра иднина за генерациите после нас.”

-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на пратеникот Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace