Денеска во посета на Министертвото за внатрешни работи беше висока делегација на ОДИХР предводена од Кеара Касталдо. Членовите на набљудувачката мисија за изборите со министерот за ватрешни работи Панче Тошковски разговарале за улогата на ОДИХР во изборниот процес.
“Денес остварив средба со висока делегација на ОДИХР предводена од г-ѓа Кеара Касталдо, виш советник за изборни процеси во Канцеларијата на ОБСЕ.
На средбата се заблагодарив за соработката и напорите кои ОДИХР во континуитет ги вложуваат во насока на транспарентно спроведување на секој изборен процес во државата.
На прашање на г-ѓа Касталдо за нивната улога во изборниот процес, изразив верување дека најважно е што Мисијата на ОДИХР повторно ќе ја одигра една од главните улоги и во овој изборен процес и транспарентно ќе ја претстави целокупната ситуација на терен во насока на спроведување на фер и демократски избори.
Од моја страна беше изразено уверување дека ќе бидат вложени максимални напори за соодветно учество во целокупниот изборен процес кој е пред нас со цел организирање и спроведување фер, демократски и безбедни избори.”
-напиша на фејсбук Панче Тошковски- Министер за внатрешни работи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Миџкалис Рохас се сретна со невладини организации за да го презентира Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
Обвинение за организација на борби со кучиња
Лишена од слобода радовишанка поради лажна дојава за бомба во училиште во Радовиш, поднесена е кривична пријава