Бачовски вети дека контролите на терен ќе бидат крајно професионални и нема да има притисоци врз земјоделците!
Денеска на мое барање остварив средба со директорот на платежната агенција каде што поразговаравме за повеќе актулни теми.
Првата тема беше за вонредните контроли на терен за кои добив ветување дека ќе бидат максимално професионални и нема да се вршат притисоци врз земјоделците.
Втората работа за која разговаравме се неисплатените субвенции за кои добив одговор дека ќе се исплатат според планираниот календар за исплата на субвенции.
Јас будно ќе ги следам овие процеси и со моите теренски средби постојано ќе бидам во тек со процесите, потребно е да ги заштитиме македонските земјоделци.
-фејсбук статус на Цватан Трипуновски- Заменик министер за земјоделие, шумарство и водостопанство.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина