Денеска во посета на детската градинка Астибо во Штип заедно со градоначалникот Иван Јорданов беше Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.
“Денес со министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски го посетивме клонот Цветови при детската градинка Астибо каде направивме увид на градежните активности за изградбата на сообраќаен парк.
Сообраќајниот парк ќе служи за воспитно образовна и забавна програма на децата за правилно однесување на децата во сообраќајот од најмала возраст.
Нашата цел и визија е континуирано вложување во инфраструктурата во предшколската возраст,што ќе придонесе дечињата кои посетуваат градинка да се едуцираат.”
-соопшти преку социјалните мрежи Градоначалникот на Штип Иван Јорданов.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево