БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Чади во дворот на Стариот Монопол во Делчево! Дали некој прикрива докази прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ?

Пренеси го гласот

Откако претходно јавноста во Делчево беше алармирана за сечењето на зимзелена и листопадна шума во дворот на Стариот Монопол во Делчево, денес со своја реакција во авноста се обратија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Делчево преку социјалните мрежи.

На фејсбук страницата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево беа објавени фотографии на кои се гледа чад од дворот на поранешниот Стар Монопол а од опозициската партија упатија и повеќе прашања до надлежните институции:

“Пред два дена како опозициска партија ги алармиравме граѓаните на Делчево за масакрот на повеќегодишни зимзелени и листопадни дрва во кругот на поранешниот монопол во Делчево кои што се посадени пред неколку децении на земјиште во сопственост на Република Македонија и за кои постои сомнеж дека е одговорен “ШЕФОТ ВО СЕНКА” на СДСМ Делчево!

Според информациите кои ДЕНЕС пристигнаа до нас од страна на “свиркачи”за ова злодело против природата и против јавниот интерес на делчевчани сакаме јавно да поставиме три прашања:

🫵 Дали “ШЕФОТ ВО СЕНКА” на СДСМ Делчево во текот на вчерашниот ден вршел жесток притисок врз вработени во општина Делчево за да му издадат документ со кој да го покрие ова злодело врз природата во дворот на монополот во Делчево и со тоа и самиот да докаже дека НЕМАЛ дозвола на денот кога се СЛУЧИЛО СЕЧЕЊЕТО НА ПОВЕЌЕДЕЦЕНИСКИТЕ ДРВА?!

🫵 Дали чадот кој излегуваше денес од дворот на монополот во Делчево и кој се гледа на сликите од прилогот е од огнот во кој денес се гореа гранките од бесправно отсечените дрва и на тој начин се правеше обид во прикривање на доказите за ова злодело?!

🫵 Јавно ги прашуваме надлежните институции до кога ќе му се плашите на “ШЕФОТ ВО СЕНКА” на СДСМ Делчево ?!

Почитувани сограѓани,

Ова е вистинската слика за безредието кое го креираат поединци од СДСМ во Делчево и кое мора да биде прекинато на наредните избори, по што како народна и одговорна политичка партија најавуваме одговорност за сите прекршители на законот.

УШТЕ ЕДНАШ ЌЕ ПОВТОРИМЕ ДЕКА за сторителите и оние кои помагаат свесно во ваквите криминогени дејствија ќе следува одговорност!”

-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот