СРАМОТ НА СДСМ ДЕЛЧЕВО ГО ПРОБИ ДНОТО!!!
Самоволието на партиските шерифи на СДСМ во Делчево зазема загрижувачки размери!
Како опозициска партија должни сме да ги алармираме граѓаните на Делчево за масакрот на повеќегодишни зимзелени и листопадни дрва во кругот на поранешниот монопол во Делчево кои што се посадени пред неколку децение на земјиште во сопственост на Република Македонија.
Според информациите кои пристигнаа до нас за ова злодело против природата и против јавниот интерес на делчевчани е одговорен висок партиски функционер на СДСМ Делчево!
Јавно ги прашуваме надлежните институции, кој е одговорен за овој масакр на дрва во дворот поранешниот монопол во Делчево?!
Дали ова очигледно злодело против природата е регистрирано од страна на надлежните државни инсттуции и од органите под раководство на Градоначалникот Горан Трајковски?
Дали надлежните органи молчат, иако знаат за случајот, и на овој начин свесно го штитат извршителот на ова злодело кој е и висок партиски функционер на СДСМ Делчево?!
Дали по овој предмет постапувал надлежен инспектор?!
Дали и овој случај ќе заврши во некоја од фиоките на институциите и на Градоначалникот?
Почитувани сограѓани,
Ова самоволие на поедини структури во раководството на СДСМ во Делчево мора да запре!
Доколку имате било каков сомнеж во пишаното, погледнете ја фотографијата или проверете ја фактичката состојба на веќе споменатата локација…
Овој хаос во Делчево може да биде прекинат на наредните избори, по што како народна и одговорна политичка партија најавуваме одговорност за сите прекршители на законот.
За оние кои помагаат свесно во ваквите криминогени дејствија ќе следува одговорност!
-реакција на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Приведено лице од Македонска Каменица затоа што управувало возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола
Жителка од с. Лаки, виничко заработи кривична пријава за упатување на заканувачка содржина преку соц. мрежа
В. д. градоначалникот Крстевски на средба со директорот на „Амфенол“ Наков и со жители на Тркање