Со шинелите врз себе, со набиените војнички капи до очите, се пробиваа низ снегот и ветрот, кој фучеше насекаде, нанесувајќи ги ситните ледени снегулки во нивните очи, во ноздрите, во секој откриен дел од нивните тела. Се пробиваа мачно, брефтајќи, кон штабот, таејќи ја секој во себе страшната тајна за својата мисија. Првиот, по наредба од командантот, го водеше другиот во штабот да му се суди и, веднаш после судењето, да биде стрелан. Вториот, по наредба од командантот, го водеше првиот во штабот да му се суди и, веднаш после судењето, да биде стрелан. Молчеа и одеа, таејќи ја секој тајната во себе.
Неколку дена потоа беа стрелани, извршувајќи ја својата мисија. А беа добри пријатели.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пилот проект за лекување од далечина започна да се спроведува во Делчево и Дебар
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“