АФПЗРР ја комплетираше исплатата на сретствата за помош на земјоделците од Интервентниот фонд за продадената зелка и слива кај регистрирани откупувачи оваа година.
Станува збор за исплата на 3 денари помош за произведена и продадена зелка кај регистрирани откпувачи како и 2 денари за произведена и продадена слива.
“Исплатени финансиски средства од Интервентен фонд ![]()
Агенцијата за финансиска поддршка ја реализираше исплатата за две подмерки од интервентниот фонд.
Станува збор за исплата на финансиска поддршка за произведена и продадена зелка кај регистрирани откупувачи за период од 13.04.2022 година до 07.05.2022 година. ![]()
По овој основ 1630 корисници се финансиски поддржани за нивното производство со 41.7 милиони денари. Висината на финансиската поддршка изнесува 3 денари / килограм. ![]()
Исто така, исплатена е и поддршката за произведена и продадена слива кај регистрирани откупувачи за период од 20 август 2022 до 30 септември 2022 година.![]()
Со оваа исплата се опфатени 478 овоштари со поддршка од 13.3 милиони денари. Висината на финансиската поддршка за откупена слива во месец август изнесува 2 денари по килограм ,а за месец септември изнесува 4 денари по килограм.”
-информираше Никица Бачовски- директор н АФПЗРР.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Мицкоски во однос на обвинувањата на Блерим Беџети од ДУИ: секој има право на презумција на невиност
За 32% е зголемен бројот на патувања на скопскиот и охридскиот аеродром во споредба со минатата година
МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани