Полека се гледата крајот на ова невообичаено топло време за овој дел од годината кое е проследено со рано – летни температури на воздухот, сепак до самиот крај на оваа недела максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со умерена а локално и позначителна облачност. Исклучок ќе биде сабота кога има услови само за слаб, краткотраен и локален дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец кој повремено на некои места ќе засилува на интензитет,
-соопшти метеорологот Славчо Поповски.
Поради ова во текот на ноќта кон вторник на повеќе места ќе има врнежи од дожд и снег на планините а ќе започне да дува и засилен северен ветер, врнежите ќе продолжат и во понеделник и на повисоките места и на планините ќе бидат од снег каде ќе дојде до формирање на снежна покривка.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!